Ќе се менува грбот на Охрид и името на охридскиот кеј
Ќе се менува грбот на Охрид и името на охридскиот кеј.
ТВМ во неколку наврати информираше дека според правилата на УНЕСКО треба да се промени грбот на Општина Охрид, бидејќи симболите на оваа меѓународна организација не смеат да се употребуваат во ознаки на други институции.
Иако беше најавувано дека новиот грб ќе биде промовиран на Свечената Академија по повод патронот на градот Св.Климент Охридски, тоа не се случи.
За промената на симболите на грбот на Охрид, ќе одлучуваат Охридските советници, на наредната седница, која е закажана за петок 22ри август.
Освен за грбот, советниците на оваа седница ќе одлучуваат и за промена на името на Охридскиот Кеј. Предлог на локалната е наместо досегашното име Кеј Маршал Тито, Охридскиот кеј да се вика Кеј Македонија.
{loadposition content9}