Skip to main content

Учениците се варија во клупите

Околу 300 илјади основци и средношколци денеска го започнуваат второто полугодие од учебната 2008/2009 година.

ucenicka
ученичка
Околу 300 илјади основци и средношколци денеска го започнуваат второто полугодие од учебната 2008/2009 година.

Оваа учебна година ја карактеризираат низа новини, една од нив е задолжително средно образование, а беа воведени и двата изборни предмети – вероучение и историја на религии.

Стартот на учебната година беше одбележан и со компјутеризација на поголемиот дел, како на основни, така и на средни училишта ширум државата.

GimnazijaНовина ќе бидат и проверките на знаењата и на оценките на сите ученици, освен матурантите, на крајот од учебната година. Резултатите од тестирањата ќе влијаат врз крајната оценка на ученикот, но и на наставникот. Министерството за образование и наука ќе го спроведе тестирањето како новина, која што ќе има за цел да ја покаже објективноста при оценувањето.

Матурантите ќе се подготвуваат за полагање на државната матура, од која зависи уписот на факултет. Матурата, како и лани, опфаќа два екстерни и два интерни предмета и една проектна задача.

 

 

{loadposition content9}