Фолклорниот фестивал „Пображење“ во Вевчани годинава во знакот на регионалната етнологија
Четвртиот по ред меѓународен фолклорен фестивал годинава ќе измине во знакот на научна трибина на тема „Регионалната етнологија и етничките карактеристики во Македонија во почетокот на 20 век“ и „Нематеријалното културно наследство на Вевчани“.
Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог од Управата за заштита на културното наследство, м-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог и претседател на Националниот Комитет за Македонија. Инаку годинешново издание на Фестивалот ќе измине без најавените фолклорни содржини и концертот на групата Љубојна. Од КУД Дримкол- Вевчани велат дека активностите се откажани поради неодамнешната трагедија со двојното убиство. „Меѓународниот фолклорен фестивал ,, Пображење,, оваа година без песна и оро од голема почит кон своите вевчанци, своевремено и играорци. Сочуствувајќи во болката со нивните семејства и згрозени од суровата и жална вистина дека вевчанец уби вевчанец ги откажавме сите настапи на фолклорните ансамбли и музички групи“. велат организаторите. Покровител на Фестивалот ,, Пображење,, е Општина Вевчани и Министерството за култура на Р. Македонија.
{loadposition content9}