Skip to main content

Празни ветувања

И покрај ветувањата од општинскиот инспекторат дека ова лето нема да се продава храна на отворено, повторно пченки, американски крофни и скара по тротоарите. Охриѓани прашуваат кој го дозволил тоа, а ако продажбата се врши недозволено, каде е инспекторатот како што вети, да ги санкционира прекршителите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
pcenki
пченки

„Пченки, американски крофни, пуканки и скара ова лето нема да се продава на отворен простор. Во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на храна на отворено. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа“. Ова е само дел од изјавата која за Телевизија ТВМ на 19ти јуни оваа година ја даде Николче Милески, од комуналниот општински инспекторат.pcenki


Не е дозволено продавање храна по тротоари и на плоштад. Доколку се затекне таква појава сопствениците ќе бидат санкционирани и објектите ќе бидат отстранети, вели Милески.

Но сликата на терен е сосема поинаква. Не само што и ова лето се продава храна на отворено туку пченки, американски крофни, пуканки можат да се купат во самиот центар на градот.

Граѓаните прашуваат кој го дозволил тоа, а ако продажбата се врши недозволено, каде е инспекторатот како што вети, да ги санкционира прекршителите. Во интерес на вистината ги побаравме надлежните од општинскиот инспекторат за одговор на овие прашања, но одговор не добивме како и многупати претходно. Поради акциите на терен биле презафатени за давање било какви изјави и информации. Но ако на терен имаа толку акции, од граѓаните ќе немаше толку реакции.

{loadposition content9}