Ирачките Курди, со поддршка на американските воени сили од воздух, успеаа да ја завземат браната Мосул во понеделникотм и така го зададоа најголемиот удар на милитантите од ISIL.
“Ако ја контролирате браната Мосул, го држите в рака поголемиот дел на Ирак, можете да ги уценувате со поплави, струја или вода”, рекол Daniel Pipes за CNN а пренесува Business Insider. Браната Мосул ја нарекол најопасна брана на светот.
Во борбите против џихадистите, запад ги помага Курдите, односно Курдската работничка партија, која Американците ја квалификуваат како терористичка организација, барем кога станува збор во конфликтите во Турција. Во Ирак тие станаа импресивна сила која единствена може да им се спротивстави на милитантите.
Водечка улога во борбите имаат женските борци од редовите на Курдите, а често на првите борбени линии се и комплетни женски единици. Тие се сериозна закана за џихадистите кои не сакаат да војуваат со жени. Имено, спрема нивното верување, ако те убие жена, нема да одиш во рајот.
{loadposition content9}