Гледањето на само еден видео запис на YouTube можело на владите и шпијуните да им го отвори прозорецот во вашиот живот.
Веќе повеќе од една година медиумите пренесуваат информации за начините на кои американската влада и NSA можеле да следат и да прислушкуваат милиони корисници на интернет. Податоците за следење и методите на прислушкување на NSA ги шокираше многу корисници на интернетот и уште еднаш се покажа дека потполна сигурност не постои.
Кон крајот на минатата недела на Engadget објавија податоци за начинот на шпијунирање преку YouTube. Имено, тие можеле да ги следат секојдневните активности на корисниците со пресретнување на прометот со нешифрирани стримови на YouTube и на тој начин имале отворен прозорец во вашите животи, односно можеле да ја видат содржината на електронската пошта, банкарските сметки, содржината на допишувањето и бројни други податоци кои сте ги имале на компјутерот.
Добра вест е дека, напомнуваат на Engadget, дека Google и Microsoft накнадно ги шифрирале тие врски за да спречат нивно искористување и следење на корисниците.
Во извештајот на Intercept кој е објавен во соработка со Morgan Marquis Boire од универзиетот во Торонто се наведуваат две компании (Hacking Team и Fin Fisher) кои на државните агенции им продаваат технологија за следење на корисници на интернет. Hacking Team е добро познат по развојот на софтвери наменети за шпијунирање на електронска пошта и телефонски повици кои ги продаваат во различни држави.
Marquis-Boire напомнува дека воопшто не е важно дали овие компании активно соработувале со САД, бидејќи американските разузнувачи (исто како и агентите на Велика Британија, Русија,Израел и Кина) и онака имаат слични системи за следење и прислушкување.
Исто така, овие информации се само уште еден доказ дека на интернет не мора да правите нешто невнимателно и глупо, односно да сурфате по некои чудни страници, туку сте можеле да станете жртва на следење и со обично кликнување на било кој видеозапис на YouTube.
{loadposition content9}