Американците за 4 недели, заклучно со 2 август, купиле 34,96 милион галони сок, што е за 9,2% помалку од истиот период минатата година, покажале податоците на аналитичката агенција Nilsen.
Малопродажбата на сокот од портокал го достигна својот максимум од 48,63 галони во јануари, бидејќи поради ладната зима Американците купуваа многу од овој пијалок кој е богат со С витамин. Меѓутоа, од тој момент продажбата е во непрекинато паѓање, наведува Nilsen.
Таа количина е најниска од кога се води евиденција и се собираат податоци, од јануари 2002 година.
Спрема мислењето на експертите, сѐ поголем удел на пазарот завземаат енергетските пијалоци и разните егзотични сокови. Покрај тоа, на падот на популарноста на “orange juice” влијае и високата цена. Цената на галон сок достигна нов рекорд од 6,44 долари, што е за 4,1% повеќе од минатата година.
Растот на цената, помеѓу другото, е условен со најнизок род на портокали во Флорида во последните 29 години, поради бактерија која предизвикува прерано паѓањена плодот од дрвото. При тоа аналитичарите очекуваат понатамошно влошување на ситуацијата во следната земјоделска година која започнува на 1 октомври.
{loadposition content9}