Skip to main content

Донација детски прекривки за три јавни охридски установи

Прекривки за детските креветчиња во градинката „Јасна Ристеска“, специјалната болница „Свети Еразмо“ и „Општата болница“ од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
gradinka
градинка

Нови прекривки за дечињата од детската градинка „Јасна Ристеска“, и дечињата при детските одделенија во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и „Општата болница“ од Охрид. Општествено одговорната компанија „Комфи Ангел“ од Прилеп донираше 400 нови детски јорганчиња кои се и повеќе од добредојдени за овие три јавни установи.

deca gradinka„Токму го пополнува недостатокот на она што имавме потреба, односно да ги смениме старите ќебенца кои што досега ги користевме, а ја продолжуваме соработката со Црвениот крст која континуирано сиве овие години ја имавме, со тоа што кај нас во гртадинката дечињата ќе се заблагодарат со тоа што кај нас во градинката дечињата ќе се заблагодарат со тоа што ќе направат по едно пакетче за сиромашните семејства кои што имаат потреба од облека, не стара, само смалена која ќе ја донираме во Црвениот крст. Оваа соработка трае долги години и натаму продолжуваме со истото темпо како и досега.“-вели директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид, Розе Костеска.

Дел од новите прекривки наменети и за детското одделение при специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид.

donacija prekrivki„Би се заблагодарил на општинската организација на Црвениот крст за донацијата и соработката што подолго време ја имаме со Црвениот крст од Охрид, за донацијата на 30 прекривки за детскиот оддел во нашата болница што ќе придонесе за подобар квалитет и престој на самите пациенти во нашата установа. Се договоривме со раководството на Црвениот крст и за други потреби на нашата болница како креветчиња, наткасни, постелнини и други реквизити што ќе придонесат за подобар престој на пациентите.“-вели директорот на специјалната болниза за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, д-р Митко Тилев.

400те нови детски прекривки општествено одговорната компанија „Комфи Ангел“ најпрво ги донирала на Црвениот крст од Охрид кој помага во нивната распределба на овие три јавни установи.

„Ние ги исконтактиравме јавните установи и здравствени и детската градинка кои што имаат потреба од ваква опрема и соодветно према побараните бројки, ние ги донираме на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, „Општа болница“-Охрид и на детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид.“-изјави Мимоза Ставрева од Црвениот крст од Охрид.

Инаку општествено одговорната компанија „Комфи Ангел“ од Прилеп со оваа донација го заокружува својот десетгодишен јубилеј.

{loadposition content9}