Skip to main content

Мику Нишимото Нојбер настапи на Piano Summer Ohrid

 Мику Нишимото Нојбер настапи  на Piano Summer Ohrid.

 |  Валентина Неловска  | 
пијано
пијано

Мику Нишимото Нојбер е дел од учесниците на првиот  фестивал Piano Summer Ohrid. Оваа јапонска  музичарка е воодушевена од Охрид и неговата убавина, кои  не ја оставиле рамнодушна и длабоко ја инспирирале.  Очекува фестивалот да оди во иднина во нагорна линија.  

нишимото

„ Сакам да запознам млади талентирани пијанисти, мои колеги и секако заедно со професорот Шилде да одржиме часови во прекрасна атмосфера, јас тоа веќе го имам и сум многу среќна“, истакна Нишимото Нојбер пред одржувањето на концертот.

 

На музичката програма Нишимото Нојбер  пред посетителите во општинската сала ги исполни Италијанскиот концерт од Бах и Англиската суита, како и дела од Дебиси и Балада од Франц Лист.

 

 


пијано

Мику Нишимото Нојбер е родена во Токио и на рана возраста почнува со часови по пијано. Се школкува на Универзитетот за Музика  и уметност во Токио. Во 1992 година на покана од Карл Хајнц Камерлинг доаѓа на студии во Европа. На нејзиниот пијанистички стил влијаеле познати професори како Муние, Хансен и Клаус Шилде. Добитник е на бројни меѓународни награди. Настапувала во Португалија, Швајцарија, Јапонија, Австрија, Канада и  Германија.

Покрај нејината посветеност на соло репертоарот за клавир, таа соработува и со соло пејачи и други инструменталисти.  

{loadposition content9}