Утре стартува 60 -тиот Охридски пливачки маратон
Утре стартува 60 -тиот Охридски пливачки маратон.
Се е подготвено утре да стартува по 60-ти пат Охридскиот пливачки маратон. Во Охрид и годинава допатува свтеската пливачка елита како и во изминативе години. Охридскиот пливачки маратон е препознатлив во светот и важи за една од поатрактивните спортски манифестации за маратонските пливачи. Организаторите се пофалија дека за годинешното јубилејно издание на маратонот организацијата била на највисоко ниво досега. Обезбеден е награден фонд од 10.000 долари за првите тројца најдобри маратонци.
„ Оваа година имавме интензивни подготовки со пливачката федерација на Македонија и Сојузот на спортови од Охрид. Jа вклучивме пошироката експертска јавнoст, ги ангажиравме сите јавни претпријатија на ЛС, армијата, министерството за внатрешни работи, капетанија, екипи на Црвен крст и медицински тим со цел ова издание да помине во најдобар ред“, рече градоначланикот Никола Бакрачески.
Јане Карајанов, технички делегат на трката, напомена дека се направени сите подготовки за да има успешно натпреварување како што и доликува на една спортска манифестација од рангот на Охридскиот пливачки маратон.
„ Годинава бевме повеќе подготвени и ги исполнавме сите стандарди на ФИНА , не очекува убава и бебедна трка. Охрид тоа го заслужува а е и репрезент за Пливачката федерација на Македонија“, кажа Карајанов.
Томи Стефаноски, најдобриот македонски пливачки маратонец утре се надева на успех. Во Охрид да го заокружи успехот кој што го постигнуваше и досега на маратоните во Аргентина и Канада и дека ќе биде онаму каде и што и припаѓа во врвот на елитните светски маратонци.
„ Голема желба ми е да се искачам на пиедесталот во Охрид, бидејќи во Аргентина од 88 натпреварувачи бев на 3 место и прв на трката , се надевам на пиедестал и на мојата најдрага трка“, посака Стефаноски.
Утре, точно напладне, на 30 км патека од Св. Наум до Охрид ќе пливаат 22 маратонци. Од нив 16-мина натпреварувачи се во машка и 6 во женска конкуренција. Меѓу натпреварувачите се Рикеман и Стокино најдобрите светски маратонци, a покрај Стефаноски ќе пливаат и уште двајца македонски маратонци Александар Илиески и Александар Панчевски.
Охридскиот пливачки маратон се одржува под покровителство на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
{loadposition content9}