Осум лица, меѓу кои и тројца кои ја “осмислиле” сообраќајната несреќа на главниот пекиншки плоштад Tiananmen во октомври минатата година, се егзекутирани, објавила државната власт. Имено, во налет на автомобил во насобрана маса луѓе смртно настрадаа 5 лица, додека уште 40 беа повредени.
Кинеските власти екзекутирале осум лица обвинети за терористички напади во западната покраина Xinjiang. Xinjiang е покраина во која живее народот Ујгури со муслиманска вероисповест, а кинеските власти нападите ги препишаа на исламистичките сепаратисти кои сакаат независна држава Туркестан. Ујгурите претходно ги обвинија кинеските власти за репресивна политика во Xinjiang, а официјален Пекинг тоа го демантираше.
Останатите егзекуции се спроведени поради обвиненија за напади во градовите Kashgar и Hotan во префектурата Aksa, и за производство на илегален експлозив за напади на полицијата и владини функционери.
Кинеските власти во јуни екзекутирале 13 лица во покраината Xinjiang по низа смртоносни напади во кои загинаа стотици луѓе во последните две години.
{loadposition content9}