Додека статите во Англија се полни со скандалот на екс менаџерот на Кардиф, Malky Mackay, кој е под истрага поради откривање на расистички, хомофобни и секситички смс пораки, во Белгија голема прашина во јавноста, крена новинарка.
Hilde Van Malderen неколку години известувала за фудбалот, поточно за екипата на Бриж, а сега одлучила да издаде книга под името “Toys” (играчки), во која се објавени смс пораките, и да открие што се случува во тој “машки свет”. Еве дел од нив:
Поранешен фудбалер на Бриж: “ Знаеш дека сакам шампањ? Сакам да те полијам со него и да го излижам од тебе”.
Судија во Белгиската лига: “Не можам да престанам да фантазирам за тебе”.
Поранешен напаѓач на Бриж: “Зошто не би спиела со мене вечерва”.
Тренер во Белгиската лига: “Дали си проститутка?”
Фудбалер на Бриж: “Вторник. Завентем (аеродром). Тоалети. Имаш храброст?”.
Вработен во клубот Зулте Варегем: “Не барам врска бидејќи сум женет. Но сѐ додека немаш момче, јас ќе бидам твој сексфренд”.
{loadposition content9}