Младата мајка, Dionne Baxter од Essex, токму спиењето покрај iPhone кој се полнел ѝ донел сериозни проблеми. Идното утро се пробудила со изгореница со големина од 13 цм. на левата дојка, пишува Daily Mail.
“Кога посегнав по телефонот беше премногу загреан и не можев да го допрам”, рекла Dionne. Кога отишла во болница, за терапија добила крем за мачкање и антибиотици.
Но, оваа 24 годишна мајка не е единствена која ја испекол прегреан iPhone. Пред само две недели и младиот Joe Parker на ист начин добил изгoреница на раката, а во февруари 14 годишно девојче добила изгореница од втор степен на грбот.
Додека Apple молчи за овие “напади” на iPhone на своите корисници, Dionne Baxter се плаши дека не ќе може да го дои своето второ дете.
Сепак, од овие настани може да се заклучи дека треба да сме подалеку додека мобилниот се наоѓа на полнач.
{loadposition content9}