Телефонот кој многу аналитичари го предвидуваа како најопасен конкурент на Apple и Samsung, доживеа прав дебакл – не се продадени повеќе од 35.000 парчиња.
Месеци наназад, пред да биде претставен од страна на Jef Bezos, првиот телефон на Amazon, по интернет кружеа гласини за потенцијалните можности на овој телефон, а некои аналитичари веруваа дека овој уред ќе го промени наголемо пазарот на паметни телефони. Така, некои гласини велеа дека FirePhone ќе биде бесплатен или многу ефтин, дека ќе има 3D интерфејс и слично. Но, кога беше претставен, од Amazon, во втората половина на јуни оваа година, овој телефон не донесе никакви промени и новитети. Неговата цена во САД со потпишување на договор е еднаква како и цената на нов iPhone и нов Galaxy S5. Еден од сопствениците на ваков телефон, новинар на ZDnet, напишал дека бројот на луѓе кои ја направиле грешката и купиле Fire Phone е многу мал.
Иако од Amazon никогаш не објавуваат податоци за бројот на продадени уреди или за побарувачката на FirePhone, сепак податоците кои ги собрале компаниите comScore и Chitka говорат дека Amazon не продал повеќе од 35.000 свои телефони.
Колку е оваа бројка мала, најдобро покажува споредбата со конкурентските уреди – Apple само до првиот викенд продал 9 милиони нови iPhone апарати, додека Samsung по еден месец продажба на Galaxy S5 продал 11 милиони апарати.
Дури и Nokia во последниот квартал пред да биде превземена од Microsoft продала околу 8 милиони свои Lumia смарт телефони, а со оглед дека FirePhone беше прогласен од некои аналитичари како убиец на iPhone и дека ќе ја загрози доминацијата на Apple и Samsung, станува јасно дека се работи за тотално промашување.
{loadposition content9}