Охриѓани се помалку купуваат книги
Охриѓани се поретко можат да си купат книга. Причина за тоа се високите цени на книгите, а нискиот стандард на граѓаниите. Книгите единствено се ефтини за туристите кои доаѓаат во градов.
Охриѓани се поретко можат да ги подноват своите домашни библиотеки со некое ново издание. Причина за тоа се високите цени на книгите, а нискиот стандард на граѓаниите. Вработените во книжарниците низ градов велат дека само мал број на граѓани можат да си купат книга бидејќи во денешно време тоа станува луксуз. Најчесто ги чекаат попустите на саемот на книгата кој се одржува во месец април во Скопје. „Но, оваа година и на саемот книгите не беа баш евтини“, објаснува Димитар Саков раководител на книжарата „Алби“. Попустот бил само за 10 до 20%, а не како изминатите години 30 па за некои изданија и 60%. Тој кажува дека цената на книгите во книжарниците се движи од 200 па до 5000 ден. за некои полуксузни и поретки изданија. Саков вели дека книгите единствено се ефтини за туристите кои доаѓаат во градов.
–Можам да ви кажам дека туристите кои доаѓаат да купат книга особено оние од бившите ЈУ простори кажуваат дека кај нив се дупло поскапи. На пример во Србија една книга е речиси 50тина евра, кажува Саков.
Но, кај нас книги купуваат само оние странци кои знаат македонски. Тоа најчесто се нашинци кои се преселиле во Србија, Босна или Хрватска, раскажува раководителот на книжзрата „Алби“. „Бидејќи во Македонија речиси и да нема странска литература, туристите кои незнаат македонски и да сакаат не можат да си купат книга“, додава тој.
-Ретко кој увезува во државава странска литература. Порано имаше неколку обиди да се увезуваат изданија на српски и англиски, но бидејќи тоа е за ограничена група на читатели беше неисплатливо. Децата пак што сакаат да прочитаат нешто од странските автори тоа го правата на компјутер иако морам да потенцирам дека чувството да се земе книгата в раце и да се врти по нејзините страници неможе со ништо да се замени, вели Саков.
За жал поради високите цени и речиси никаквата понуда на странска литература се повеќе се губи онаа популација која редовно си купуваше книги кои се пренесуваа на генерации. Ова е се помал мотив и за писателите да пишуваат нови изданија.
{loadposition content9}