Успение на Пресвета Богородица – Празник на мајката Божја
Успение на Пресвета Богородица, големиот христијански празник е еден од најзначајните од повеќето празници посветени на оваа светица. Истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско денес беше претесна да ги собере сите верници кои дојдоа за да го одбележат големиот ден, да запалат свеќа и да се помолат за здравје.
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско денес го одбележува големиот христијански празник Голема Богородица. Овој ден спаѓа во дванаесетте големи христијански празници а поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Река од луѓе денес ја посетија истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, се помолија за здравје, ксмет, запалија свеќи, каснаа нафора наполнија од осветената вода а некои се причестија после двонеделниот Богородичен или Преображенски пост.
На овој ден се собираме и си ја прославуваме Богородица и не само овде се слави и во други места. Носиме леб, го пее владиката, откако ќе се отпее леплчето се дава за здравје на сите. Овој ден е свечен ден за православните христијани и ги собира сите луѓе не само од земјава туку и надвор од неа – велат верниците.
Овој празник е потврда за воскресението и спасението на човечкиот род, вели свештеникот Димче Азески.
„По успението кога учениците на Господа апостолите дошле во гробот по три дена кај Пресвета Богородица да се поклони светиот апостол Тома кој што не бил присутен за време на нејзиното успение кога отвориле гробот внатре не го нашле телото на пресветата мјака Богородица, со што јасно ни се укажува дека спасението, односно воскреснувањето е факт и не случајно е темелот и основата на нашата вера.“
По повод празникот денес и во Скребатно во црквата посветена на Богородица, се одржува голем црковно народен собир на кој присуствуваат неколку илјади верници од земјава и иселеници од странство. Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост.
{loadposition content9}