Во говорот кој може да се протолкува како прикриена објава за победа, Путин сепаратистите ги нарекува војска на Новорусија, историско име на Руското царство, кое сепаратистите го доделиле на самопрогласената држава, јавува Telegraph.
Путин во синиќешното обраќање ги повикал борците да осигураат хуманитарен коридор на истокот од Украина за да можат опколените трупи на украинската војска да го напуштат бојното поле. Изјавил дека коридорот би спречил бесмислени жртви и би овозможил да го напуштат подрачјето на борбите и да им се придружат на фамилиите, а во исто време ќе може да им се пружи медицинска помош на ранетите. Тој додал и дека Русија ќе продолжи да праќа хуманитарна помош на цивилите на истокот од Украина.
Вчера вечер украинскиот претседател Петро Порошенко објави дека започна руската инвазија на Украина и ги откажал сите состаноци вон земјата.
Од друга страна, Обама на конференција за новинарите во Белата куќа најавил дека сојузниците ќе ја разгледаат можноста за ширење на економските санкции против Русија, откако украинските власти ја обвинија Москва дека пратила војска во југоисточна Украина, каде се водат жестоки борби помеѓу украинските и проруските сили.
Но, Обама избегнал да ги нарече инвазија руските воени акции и ја исклучил можноста за американска воена интервенција во Украина, истакнувајќи дека мора да се пронајде дипломатско решение, известува агенцијата Reuters.
{loadposition content9}