Skip to main content

Голема дупка на ул. „Богомилска“

Голема дупка на ул. „Богомилска“.Мештаните од тој потег се жалат дека газат во кал бидејќи десет дена од истата извира вода, а надлежните не интервенираат. Не успеавме и ние да добиеме одговор од МЈП „Проаква“, од каква природа е водоводниот дефект и кога истиот ќе биде саниран, бидејќи како што ни кажаа од таму директорот бил во Јапонија на службено патување.

 |  Николоска Биљана  | 
dupka bogomilska
дупка богомилска


Раскопана ул. Богомилска. Голема дупка од која линее вода десеттина дена не само што ја нагрдува улицата туку околу неа се создава кал, која се разнесува насекаде, а надлежните не интервенираат, реагираат мештаните.

dupka bogomilskaДупката е на фрекфентно место, односно оттука поминуваат голем број граѓани кои ги посетуваат двете приватни здравствени установи а и многу возила бидејќи од тој потег директно се поврзуваат на Туристичка и Даме Груев. 

Тие не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ но кажаа дека жалосно е што оваа улица актуелниот градоначалник Никола Бакрачески на почетокот на неговиот мандат ја асфалтирал и уредил како никогаш досега во вистинска смисла на зборот, а екипите на МЈП Пртоаква тоа за нецел саат го уништиле и досега ништо не презеле местото да го вратат во првобитната состојба како што е законски пропишано.

Се обративме до МЈП Проаква. Од таму најпрво кажаа дека во текот на денот некој од надлежните ќе излезе со изјава, со цел на мештаните од овој потег да им објасни за каков дефект станува збор и до кога истиот ќе биде саниран. Но од тоа ништо. Подоцна ни беше кажано дека добиле наредба од директорот Томе Паскалоски кој е на службено патување во Јапонија да не даваат никакви изјави додека тој не се врати.