Skip to main content

Жешка тема од безбедноста на информатичкиот универзитет во Охрид

Македонската наука и високото образование се вклучуваат во заедничките научно истражувачки проекти кои се финансирани од НАТО. Министерот за одбрана Зоран Јолески присуствуваше на отварањето на работилницата на тема Аритметика на хипер елиптични криви и криптографија која се одржа во Универзитетот за информатичка наука и технологија во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
joleski
јолески

joleskiТренинг на математичари и информатичари под покровителство на НАТО за шифрирање и дешифрирање на пораки поврзани со безбедноста или криптографија. На научниот собир се обрати министерот за одбрана, Зоран Јолевски. Тој истакна дека активностите кои ги презема Владата за инвестирање во високото образование за поврзување на македонските високообразовни институции со универзитети од Европа и САД како и активно учество во слични заеднички научни проекти, ќе ги подобри условите во вклучување на нашето образование во светските трендови, што е еден од основите за развој како на самиот образовен процес во земјава така и во економијата.

„Универзитетот „Св Апостол Павле“ и „Окланд“ универзитетот пред две години потпишаа меморандум за соработка со кој се предвидува размена на професори и студенти, заеднички научно истражувачки проекти ова е еден од нив кој е под покровителство на НАТО што е  многу важно за Р. Македонија, веќе со ова македонската наука и македонското високо образование се вклучуваат во заедничките проекти кои се финансирани од НАТО“– истакна Јолески.

joleskiКоординаторот на проектото во Охрид, Еустрад Жупа професор по компјутерска наука, рече дека денешната тема е од исклучителна важност посебно во областа на заштитата и безбедноста на податоците.

„Ова е многу значајна работилница затоа што НАТО во случајов спонзорира научна активност, односно серија предавања за примена на хипер елиптичните криви во криптографијата, што претставува една жешка тема поврзана со безбедноста и сигурноста. Токму затоа НАТО е заинтересирано за поддршка на вакви настани. Имаме многу професори од целиот свет, дури од универзитетот во Њу Јорк, и сите тие уживаат во оваа работилница и посебно во убавиот Охрид“ – нагласи проф. Жупа.

На работилницата организирана од Институтот за напредни студии на НАТО, присуствуваа истакнати професори од дваесеттина еминентни европски и американски универзитети во рамките на програмата за развој на науката. Конференција од ваков тип, НАТО по втор пат организара во Македонија преку програмата „Безбедност преку наука“.

{loadposition content9}