Нападнати пет американски банки
Нема официјални информации кој стои зад овие опасни напади, а во истрагата е вклучен и FBI

Хакерите пронашле начин како да се пробие заштитата на можеби најзаштитените компјутерски системи на американската економија . Ова е еден од коментарите во американските медиуми откако се појавија информации дека хакери нападнале пет американски банки, вклучувајќи ја и JP Morgan Chase.
Хакерските напади моментално ги истражува FBI, а спрема Guardian тие напади би можеле да се поврзани со неодамнешниот обид за хакирање на европските банки. Иако нема официјални информации за тоа кој стои зад овие многу опасни напад,и каде хакерите успеале да извлечат повеќе GB осетливи банкарски податоци, а најголемите сомнежи се дека се работи за руски хакери. FBI ја истражува поврзаноста на нападите со руската влада и руските групи (една од причините би можела да биде неодамнешните санкции наметнати кон Русија), но постои можност дека изворот на нападите е во некои други источно европски држави.
Од JP Morgan не сакале да коментираат премногу, и напоменале само дека компаниите со нивната големина се скоро секој ден на удар на хакерите.
Експертите за cyber безбедност велат дека овие криминални дејствија се секогаш поврзани со кражба на интелектуална сопственост, а не за штета на финансиските институции. Со оглед на тоа дека и Русија има пари во американскиот финансиски систем, евентуалните штети би влијаеле и на нив, коментирал Rory Innes од Salamanka group, додавајќи дека овде станува збор за кражба на чувствителни банкарски информации со кои би се стекнала предност на пазарот.
Costin Raiu од Kaspersky Lab предупредува дека хакерите користат сѐ пософистицирани алатки за напади на финансиските институции и верува дека овде станува збор за еволуција на cyber нападите – во претходните хакерски напаѓања, хакерите крадеа пари на индивидуални корисници, а сега директно ги нападнаа банките и напоменува дека JP Morgan е златен рудник за ваков вид на чувствителни информации.
{loadposition content9}




