Skip to main content

Зграда со ротирачки станови и соби

Необична и несекојдневна зграда

 |  инфодеск  | 

Зграда во Иран е изнимно необична дотолку што нејзините станари можат сами да го менуваат изгледот. Освен менувањето на изгледот на зградата Sharifi-ha во Техеран, нејзините жители можат да ги менуваат и функциите на просториите во неа, пишува Brava Casa.

Зградата е направена на тесна парцела, со доволно простор во длабочина, и има единствена можност од дводимензионална фасада да се претвори во три димензии, со што зградата може да биде отворена или затворена.

Во Иран куќите често имаат летни и зимски дневни соби. Тоа во куќата Sharifi-ha не е потребно бидејќи тоа се прави со ротирање на собите каде во зима е можно да се затвори надворешниот дел на стаклената фасада или потполно отворање во лето кога сакаат повеќе светлина во станот.

Еден дел од зградата е фиксиран, додека поедини простории имаат можност за ротирање. Се согласуваме дека е единствено и уникатно.

{loadposition content9}