Skip to main content

„ Каменот и железото “ најновата изложба на Трајко Дурчовски

„ Каменот и железото “  најновата изложба на Трајко Дурчовски.

 |  Валентина Неловска  | 
kamen
kamen

„Каменот и железото“ е  насловот на најновата изложба на Трајко Дурчовски. Академскиот сликар Славко Упевче ќе ја претстави најновата поставка на скулптури  на Дурчовски утревечер во Центарот за култура.  Ова е 10-та  изложба на авторот кој пред охридските љубители на уметноста е препознатлив по скулптурите изработени од железо.
kamen
„ Со железото се претставив неколку пати , а со каменот за прв пат. Каменот е украс за на ѕид , се буши со бургија и се украсува со бакар и со калај“, појаснува Дурчовски.

Трајко Дурчовски овој пат ќе се претстави со  30 -тина скулптури. Секоја изложба е радост вели авторот а тоа се однесува и на најновиот цисклус на скулптури.  Задоволство е нешто да се прави. Раскажува дека секогаш за последната им вели на пријателите е доста  оваа ќе е последна ама не може така лесно да се откажам, а и пријатеките не ми веруваат , кажува низ смеа  Дурчовски. Објаснува дека на илзожбата има нов циклус наречен со почит кон старите, но и многу  други скулптури.

Ducovski

„ Камењата се од Охридското езеро и околината на Охрид. Користам камен за да се види неговата убавина тој не е само за фрлање. Се што се добива од природата треба да се искористи.“

Дурчовски по Охрид ќе изложува и во Дебар пред неговите поранешни  сограѓани бидејќи подолго време живеел во овој град.  Досега покрај изложбите во Охрид со неговата уметност се претставил во Битола и Штип.     

 

{loadposition content9}