Skip to main content

Точков: Спасителите сезонава одговорија на задачата

33 интервенци на охридските плажи и 8 на струшките е годинешниот исход на спасени давеници во водите на Охридското Езеро. Додека пак интервенциите за укажување на прва медицинска помош надминале на 500, информра првиот човек на ОО на Црвен крст Охрид Сашо Точков. Од таму задоволни се од нивниот ангажман и од она што го пружаат како безбедност за туристите и капачите на градот Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
spasiteli
спасители

spasiteliЛетнава сезона во Охрид помина без фатален исход, во доменот на делување на спасителите на вода. Спасителите, целосно ја покажаа својата професионалност, ажурност, подготвеност да реагираат во секакви ситуации, нагласи Сашо Точков, претседателот на ОО на Црвен крст Охрид. Тој додава дека тие претставуваат гордост за градот, бидејќи покрај тоа што од нив биле задоволни концесионерите на плажите, добиле и бројните коментари на социјалните мрежи од сите страни на светот.

„Можам да кажам дека споредбено со минатата година кога имавме 25 интервенции на давеници, оваа година имавме 33 давеници на охридското крајбрежје и 8 интервенции на струшкото. Значи на целото Охридско Езеро 41 интервенција на спасување и извлекување на давеници. Од тие интервенции една беше посериозна на плаѓата во Св Наум пред десеттина дена, останатите интервенции беа на активни давеници кој што имаа проблем со пливањето или кој што беа во состојба да неможат да одговорат на предизвикот на водата“  – вели Точков

tockovПолни раце работа имаше и службата за безбедност на вода на Охридското езеро, вели Точков. Тие сезоната ја завршиле со петстотини интервенции на прва медицинска помош на охридските капалишта.

„Имавме и посериозни интервенции, посекотини скршеници луѓе во бесоознание, сите тие беа успешно третирани од нашите служби за укажување на прва помош и беа предадени на екипите за итна медицинска помош за понатамошен третман“ – изјави претседателот на Црвениот крст.

Точков ексклузивно за ТВМ информира дека пред два дена службата за безбедност на вода на Црвениот Крст добила засилување од материјално технички аспект. Имено добиле нов побрз спасителен чамец од Англија донација од операцијата Флоријан. Овој чамец веќе од Водици и наредната сезона ќе биде во функција за својата намена, односно да дејствува онаму каде што ќе биде потребно, потенцира Точков. Инаку оваа сезона на охридското крајбрежје беа ангажирани 64 спасители, додека пак на струшкото  15.

{loadposition content9}