Skip to main content

Samsung ги претстави своите новитети

Претставени се четири нови уреди

 |  инфодеск  | 

Samsung ги претстави своите четири нови уреди и тоа фаблетите GalaxyNote 4 и GalaxyNote Edge, смарт часовникот GalaxyGear S и виртуелната кацига Gear VR.

Samsung GalaxyNote 4 е опремен со Super Amoled екран со големина од 5,7 инчи и резолуција од 2460х1440. Рамката на куќиштето е обложена со метал, за разлика од досегашните рамки на кои многумина имаа замерки. На задната страна се наоѓа пластичен поклопец со примерок на кожа, слични како и на досегашните модели. Внатре има моќен Qualcomm Snapdragon 805 четворојадрен процесор со 2,7 GHz и 3 GB работна меморија за лагодна и непречена мултитаскинг работа. Вкупната меморија е со 32 односно 64 GB, во зависност од моделот, а поддржува и мемориски картички со капацитет од 64GB. Камерата доаѓа со сензор од 16 мегапиксели, има вградена оптичка стабилизација на сликата, додека предната камера е со 3,7 мегапиксели со отворена бленда од f/1,9, што би требало да покрива агол од 120 степени и со тоа да овозможи сликање на групни селфија. Батеријата има капацитет од 3220 mAh, а со посебен полнач, кој се испорачува со уредот, до 50% снага може да се наполни за 30 минути. Треба да се напомене вградениот читач на прстите, како и приложеното S Pen пенкало кое овој пат доаѓа со поголема осетливост. Андроидот е во верзија 4.4 KitKat. Note4 ќе биде во црна, бела, бронзено-златна и розева боја, а во продажните салони се очекува да се појави почнувајќи од 4 октомври со цена од околу 750 евра.

Сличен уред на Note 4 е Galaxy Note 4 Edge со таа разлика што Edge е закривен на едниот раб од екранот. Екранот е помал, 5,6 инчи, но исто така доаѓа во Super Amoled технологија, со резолуција од 2460х1440 точки.

Освен овие два модели, Samsung ги претстави и својот смарт часовник Gear S и Gear VR кацигата за виртуелна стварност. 

{loadposition content9}