Skip to main content

Уницеф ќе опреми центар за ран детски развој во Радојца Новичиќ, во Пештани ставен во мирување

Уницеф ќе опреми центар за ран детски развој во  Радојца Новичиќ, во  Пештани  ставен во мирување.

 |  Валентина Неловска  | 
racin
racin

Градинката ќе се проширува со една паралека во населбата Радојца Новичиќ. Една просторија во која ќе бидат згрижени 30-тина деца ќе се адаптира во основното училиште Кочо Рацин. Проектот е финасира од Уницеф на идеја на Тлер. Интересот кај родителите е многу  голем за воспитно  згрижување на  децата од 3 до 6 годишна возраст од по 3 часа во денот, информира директорката Роза Костеска. Комисијата на министерството за труд и социјална работа веќе и утврдила  условите на терен во Радојца Новичиќ.
koco racin

„Имаше обврска градежниот инжинер или архитект да изработи нацрт план на фактичката состојба и на состојбат која ќе треба д а биде завршeнa.  На 1- ви септември овој нацрт  стигна во Тлер и од таму е препратен до Уницеф , со кој Локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка. Во следната недела очекуваме да отпочнат градежните работи во Радојца Новичиќ“,

Во соработка со Уницеф  ваква просторија беше најавувана да се адаптира и во Пештани, во основното училиште Св Наум Охридски. Но , од  Уницеф одлучиле овој проек засега да го стават во мирување. Доколку Уницеф финасиски не го подржи проектот  тогаш просторијата ќе се адаптира со сопствени средства ,најавува директорката Костеска.

кочо рацин
„ Приоритет дадоа на Радојца Новичиќ. Таму има помалку работа и ќе се вложат помалку средства. Додека во Пештани ја оставија за некој нареден период. Колку ќе се пролонгира  не е мое да кажам  и не знам. Но, доколку не се реализира ќе одиме со тендер за јавни набавки и ќе го средиме просторот со сопствени средства во Пештани.“

Родителите на децата од овие населби ако покажат поголем интерес да се отвори градинка  тогаш центрите за згрижување на ран дестки развој ќе може да се пренаменат.  Слични центри за загрижување на децата  од мината година функционираат во приградските населби во Лескоец и Велгошти. Тие исто така работат  во рамките на основните училишта. Проширувањето се покажа како оправдано  со вклучување на децата од руралните средини  во воспитно образовниот процес соодветен за нивната возраст, напоменува директорската на градинката Роза Костоска.

{loadposition content9}