Експерти го критикуваат извештајот на Светската здравствена организација за е-цигарите
Во извештајот имало погрешни толкувања и неточни прикази

Во критиката на студијата на Светската здравствена организација (WHO) за електронските цигари, која послужила како нацрт за студијата на WHO минатиот месец, во која се бара построга регулација на е-цигарите, експерти оцениле дека станува збор за неточен приказ на доказите.
“Бев шокирана и изненадена додека го читав извештајот”, рекла на новинарите Ann McNeill, истражувач на националниот центар за зависност при лондонскиот King’s College. “Сметам дека тоа е погрешно прикажување на доказите за е-цигарите”.
Популарноста на е-цигарите, каде со помош на батерија се симулира пушење со испарување на никотинска течност, во последните две години нагло порасна, но се поведе и остра расправа за нивната опасност бидејќи станува збор за нов производ и нема научни докази за нивното долгорочно влијание по здравјето.
Извештајот на WHO минатиот месец бараше строга регулација на е-цигарите, забрана за нивно користење во затворени простории, рекламирање и продажба на малолетници. McNeill изјавила дека, иако цигарите се нов производ и сеуште ги немаме сите одговори за влијанието на здравјето, јасно е дека се посигурни од цигарите кои убиваат шест милиони луѓе годишно.
Peter Hajek од универзитетот Queen Mary во Лондон, кој истражува зависност од тутун и кој е коавтор на критиката, утврдил дека е клучно е-цигарите да се оценуваат во однос на штетата која ја прави конвенционалната цигара.
McNeill и нејзините коавтори, чии критики се објавени во списанието Addiction, се концетрирале на неколку тврдења во извештајот на WHO кои наведуваат на погрешни заклучоци.
Извештајот сугерира дека користењето на е-цигарите е голем проблем и дека води кон пушење, иако е факт дека многу ретко ги користат непушачи а бројот на пушачи меѓу младите е во опаѓање, предупредуваат експертите.
Извештајот исто така пропушта да признае дека е-цигарите се не само помалку штетни од тутунските туку и дека концентрацијата на токсини е многу мал дел од онашто се наоѓа во тутунскиот чад.
McNeill и колегите, понатаму, предупредуваат дека извештајот заклучува како лицата околу пушачите на е-цигари би можеле да вдишат големи количини на токсини, иако нивните концентрации се прениски за да претставуваат ризик по здравјето.
{loadposition content9}




