Научниците тврдат дека развиле метода за производство на гасот пропан со користење на шеќер и бактеријата E.coli. Истакнуваат дека оваа метода и систем може да се примени во комерцијална употреба, со што би се решило прашањето со обновливи извори на енергија.
Иако процесот е сеуште далеку од комерцијална употреба, неговите изумители се надеваат дека еден ден ова би можело да претставува неограничен извор на чисто гориво, кое без потешкотии би можело да се воведе и да се користи во постоечките технологии.
Пропанот е составен дел на течниот нафтен гас кој се користи во домаќинствата и автомобилите, а се добива како производ на рафинирање на земниот гас и рафинирање на нафтата кои се ограничени извори на енергија, пишува Global Post.
“Иако произведовме мали количина на ова гориво, тоа може да се употреби во автомобил”, истакнува Patric Jones од Лондонскиот империал универзитет.
Неговиот тим одгледал E.coli, инаку безопасна цревна бактерија (опасна е при нехигиена), во шеќер во лабораторијата. Нивната верзија на E.coli е модифицирана на тој начин што се прекинува процесот на создавање на амино киселини и наместо тоа се создава бутанска киселина, а со додавање на неколку ензими бутанската киселина се претвора во гас пропан.
“Се надевам дека во периодот од 5 до 10 години би можеле да направиме комерцијално изводлив процес, кој ќе ги задоволува нашите енергетски потреби”, заклучил Jones.
{loadposition content9}