Помалку од две недели пред гласањето на референдумот на 18 септември, анкетата на YouGov покажува дека 51% од испитаниците ќе гласа за независност на Шкотска, а против 49%. Подржувачите за независност на Шкотска по прв пат го превземале водството во анкетите откако е започната капмањата, објавил весникот Sunday Times. “YouGov анкета…покажува дека националистите се два поени во предност и дека се спремни да победат на референдумот”, се наведува во докуменот.
Пред само еден месец подржувачите за останување на Шкотска, заедно со Велика Британија, имале предност од 22 поени, објавил Sunday Times, но не објавил други поединости за анкетата, додека анкетата на YouGov покажува намалување на разликата до таа мерка што се зголемила можноста дека застапниците за независност на Шкотска под водство на Alex Salmond и неговата национална партија би можеле да ја постигнат својата цел и да го раскинат сојузот со Англија кој трае 307 години.
Во претходната анкета на YouGov, од 1 септември, противниците за независност на Шкотска воделе само со 6 поени, што е пад од 14 поени во втората половина на август кога имале водство од 22 поени на почетокот на месецот.
{loadposition content9}