Американскиот претседател Барак Обама рекол дека оваа недела ќе го изнесе својот план за пресметка со милитантите на Исламската држава, која би можела да биде закана и за САД. Тој ќе одржи говор во среда на кој ќе го опише својот план, а ќе се сретне и со челниците на конгресот за да побара поддршка за неговата стратегија.
“Следната фаза е да се прејде во напад, бидејќи во иднина тие можат да бидат закана за нас иако тоа сеуште не е”, рекол Обама. “Со оглед дека Исламската држава привлекла странци од Западот во нивните редови, кои несметано можат да допатуваат во САД и можат тие да бидат сериозна закана за татковината”, додал тој.
Обама ја исклучил можноста за праќање на американски копнени сили во Ирак и Сирија, велејќи дека тоа “не е исто како ирачката војна”.
За меѓународната коалиција кој почна да ја собира на минатонеделниот самит во Велс, Обама рекол дека тоа ќе биде “како против терористичката кампања која ја водиме во последните пет, шест, седум години”.
“Ќе бидеме дел од меѓународната коалиција, изведувајќи воздушни напади за да ги поддржиме ирачките и курдските сили”, рекол Обама.
Јадрото на коалицијата го сочинуваат САД и уште девет држави. “Системски ќе ги уништуваме нивните капацитети. Ќе ја намалиме територијата која ја контролираат и на крај ќе ги победиме”, рекол американскиот претседател.
Обама не рекол дали ќе одобри воздушни напади и над Сирија. “Стратегијата и за Ирак и за Сирија се состои во тоа дека ќе ги гониме припадниците на Исламската држава каде и да се наоѓаат”, рекол.
Истакнал и дека САД очекуваат од сунитските арапски држави во регионот вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јордан, Обединети Арапски Емирати и Турција да им се придружат и да им помогнат. “Мислам дека можеби за прв пат ви е апсолутно јасно дека проблем за сунитските држави во регионот не е само Иран. Ова не е само сунитско-шиитско прашање”, заклучил Обама.
{loadposition content9}