Во Охрид за болеста ебола нема место за паника
Во Охрид за болеста ебола нема место за паника.
Место за пaника нема со вирусното заболување ебола во Охрид, порачуваат од Центарот за јавно здравје- Охрид. Студентот од Нигерија кој вчера е испратен на Инфективната клиника во Скопје е заради превентива , појаснува епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
„ Еден студент e испратен на Клиника заради покачена температура. 4-от ден од престојот во Македонија му се покачила температурата. Другиот продолживме да го следиме , утрово му измеривме температура , таа е нормална. Нема место за паника. Многу медиуми објавија дека има болни, нема болни. Секој кој дошол од земјите каде шти има регистрирано ебола се става под здравствен надзор ама тоа не значи дека лицето е болно туку е превентивна мерка, се прави здравствен надзор“, објаснува д-р Јованка Стурлакова Коровешоска
Во Студенскиот дом „Никола Карев“ во Охрид се сместени тројца студенти од Нигерија кои студираат на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле. Двајца од нив за време на летниот распуст отпатувале дома за Нигерија. По враќање во државата според Светската Здравствена Организација врз нив мора да се врши здравствен надзор, вели епидемиологот Стурлакова Коровешоска.
„ На сите патници кои патуваат во земјите каде што има болести ризични за нашата земја над нив се врши здравствен надзор“, укажува д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
Со Здрвствениот надзор на лицата не им е ограничено движењето, но се подлежни на клиничко и лабораториско испитување. Здравстениот надзор за еболата е 21 ден колку што трае и инкубацијата на вирусот. Светската Здравствена Организација го има регистистрирано вирусот во земјите од Западна Африка, и тоа во Либерија, Сиера Леоне , Гвинеја , Нигерија, Демократска Република Конго и Сенегал.
{loadposition content9}