Skip to main content

„Милкуз“ донираше печки на пелети и огревно дрво, се вклучи во проектот „Топол дом“

„Милкуз“ донираше  печки на пелети и огревно дрво,  се вклучи во проектот „Топол дом“.

 |  Валентина Неловска  | 
milkuz
milkuz

„Милкуз“ компанијата за производство на печки на пелети и огревно дрво е првата компанија која позитивно одговори на повикот на проектот „Топол дом“. Центарот за milkuzсоцијални работи побара пред еден месец покрај поединци, во овој проект да се вклучи и бизнис заедницата.

„ Во рамките на нашите можности излеговме во пресрет со донација.  Дониравме 10 печки на дрва од кои сите ќе бидат за социјално ранливата категорија на граѓани и 5 за училиштата во Охрид и Дебрца. Донација од 2 печки на пелети е наменета за градинките во општина Охрид заедно со пелети“, кажа менаџерот на компанијата Најдеска.

Повикот до бизнис зааедницата да се вклучи во акцијата „Топол дом“ беше упатен пред месец дена, кажа директорот на Ценатрот за  социјални работи, Екрем Каљоши. Од ценатрот апелираат до сите бузнисмени , желбатат за помош да ја реализираат на дело. Сопственикот на фирмата „Милкуз“, Мише Кузманоски,  е првиот кој засега се одзвал  и се вклучил во акцијата. 

milkuz„ За наша среќа повикот наиде на прием кај Мише Кузманоски сопственик на Милкуз кој одговори на повикот со донација за лицата вклучени во системот за социјална заштита кои порано побараа дека имаат потреба од грејни тела“, посочи Каљоши.

Ова е еден пример на општествено одговорна компанија која во иднина се надеваме дека ќе стане традиција и ќе поттикне многумина од бизнис заедницата да помогнат онаму каде што е тоа најпотребно, кажа и претседтелката на советот Гордана Коњаноска.

„ Ова е исклучителна можност каде што бизнис заедницата на повеќе нивоа покажува дека со кооперативност може да функционира, а краен резултат на тоа да е благородна акција, донација, во случајов на грејни тела , за ранливата категорија граѓани  и на општинските институции од образованието“, напомена Коњаноска.  

Од компанијата „Милкуз“ , Центарот за социјални работи и од Локалната самоуправа се  надеваат дека  на повикот во акцијата „Топол дом“ ќе се приклучат и други  општествено одговорни компании од градов.

{loadposition content9}