Skip to main content

Преку концептот на безбедносна култура до подобро функционирање на цивилното воздухопловство

Преку концептот на безбедносна култура на EUROCONTROL, кон подобрување на безбедноста на цивилниот водушен сообраќај во регионов.

logo
лого

Концептот на безбедносна култура на Европската организација за безбедност во цивилниот авио сообраќај, позната како EUROCONTROL ќе се воведува и во македонското цивилно воздухопловство.  Генералниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ Дејан Мојсоски, објасни дека целта е да се направен еден систем во кој сите вработени во цивилното воздухопловство ќе бидат охрабрени да поднесуваат извештаи за својата работа, кои понатака ќе бидат користени само за подобрување на безбедноста на воздухопловството.

mojsoski i coponea„Во EUROCONTROL, воведен е концепт на безбедносна култура. Тоа значи дека сите грешки и сите системски пропусти треба да се оценат од сите аспекти а највеќе од аспект на подобрување на безбедноста. Тоа значи дека согласно законските измени треба да се воведе една неказнена средина каде ќе им се овозможи на сите чинители во воздухопловството да се охрабрат и да ги репортираат сите оние аномалии на системот без при тоа да бидат ослободени од чуство на вина односно поведени посебни мерки спрема нив“, додава Мојсоски.

Инаку, оваа политика се заснова на одлуката на привремениот совет на EUROCONTROL од мај 2012 година кога е одлучено земјите членки да иницираат политика која ќе биде насочена кон развој на воздухопловството врз основа на концептот за безбедност за соодветно имплементирање на регулативите и соработка меѓу воздухолповните власти и правосудните органи. На одбележувањето на 100 годишнината од првиот комерцијален лет, авионксиот сообраќај останува најбезбедниот начин на транспорт на патници и стока, истакна  Раду Цопонеа – експерт за безбедност EUROCONTROL. Тој додаде дека целта на концептот на безбедносна култура за вработените во цивилниот воздухопловен сообраќај, е да се охрабрат и ги признаат грешките кои се прават за време на работниот процес, спротивно човековата природа истите да се кријат.

работен состанок„Од непроценлива важност е во оваа фаза, кога во авионскиот сообраќај бројот на несреќите е сведен на минимум, да ги согледаме малите грешки кои се прават во работата. Доколку не преземеме нешто за нивно отстранување во иднина истите ќе растат и ќе предизвикаат несреќа. Малите грешки бараат мали корекции па така никогаш нема да дојде до авионска несреќа“, потенцира Цопонеа.

Во Охрид денеска  се одржа  работен состанок на кој  присуствуваа високи претставници на судските и воздухопловните власти од Република Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, како и гости од EUROCONTROL и JCTF, на кој беа разгледани и можностите за усвојување заедничка воздухопловна обвинителна процедура, исто така креирана врз моделот на EUROCONTROL Just Culture Task Force (JCTF).

Организатор на работната сесија, заедно со претставниците на Обинителството и правдата и воздухопловните менаџери на земјите од регионот, се Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, во соработка со EUROCONTROL и JCTF.

{loadposition content9}