Skip to main content

Депониите во Рамне сеуште неподигнати

Кој е надлежен да се справи со дивите депонии кои никнуваат по патиштата во руралните средини во Охрид? На ова прашање одговори директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемет. Тој категоричен, депониите треба да ги подига Јавното комунално претпријатие, согласно Законот за управување со отпад доколку станува збор за комунален отпад, додека пак за градежниот шут, локалните комунални инспектори треба да дадат задолжение за истиот да биде подигнат.

 |  Николоска Биљана  | 
smet ramne
смет рамне

deponijaДивите депонии во Рамне сеуште не се подигнати. И после една недела од апелот и критиките на мештаните, преку нашиот медиум,надлежните си ја префрлаат топката од едни на други. Од ЈП „Охридски Комуналец“ се правдаат дека не добиле налог од НП „Галичица“. Од таму пак кажаа дека не е нивна надлежност да издаваат налози туку состојбата да ја пријавуваат до општинскиот инспекторат.  Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека секој во својот делокруг треба да си ја извршува својата работа, затоа постојат овластени инспектори за животна средина, комунална инспекција, комунални редари и секој треба својот дел да си го сработи. Фирус Мемет директорот на државниот инспекторат категоричен дека согласно законот за управување со отпад, ЈП, е должно интегрално да управува со комуналниот отпад за територијата за кое е основано.

deponija„Доколку се работи за друг вид на отпад градежен шут, можно е и друг вид на отпад да има, тогаш овластените комунални инспектори и редари зборувам на локално ниво, треба да си ја вршат својата работа, односно тоа да го лоцираат и да дадат задолжение тоа да се исчисти. Во случајот НП „Галичица“ нема надлежност за управување со отпадот, но тој што дефинитивно го генерира отпадот, тој треба да го реши, да се преземе од страна на ЈП преку комуналните инспектори ако е комунален смет да се подигне, ако е градежен шут исто така преку комуналчните редари треба да се преземе тој отпад од таму“ – вели Мемет.

Денеска директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа вети дека со или без налог, во интерес на граѓаните депониите во Рамне ќе бидат расчистени. Меѓутоа проблемот со дивите депонии во Рамене не е изолиран случај, тие никнуваат дури и во центарот на Охрид и за справување со ваквата појава потребен е ангажман од комуналните инспектори и редари и нивно поголемо присуство на терен.

{loadposition content9}