Озонската обвивка која штити од ултравиолетовото зрачење а кое предизвикува рак би требало да се обнови до 2050 година, задоволно истакнува ОН во истражувањето кое е објавено во средата, но ја нагласува итноста за превземање мерки со климатското затоплување.
“На добар пат е обновата на озонската обвивка која ја штити Земјата, благодарение на ускладените меѓународни акции против гасовите кои го осиромашуваат озонот”,се вели во извештајот на Светската метеоролошка организација и Програмата на ОН за човековата средина.
Работата на 300 научници од 36 земји ја истакнаа улогата на Протоколот од Монтреал кој овозможува спречување на два милиони заболувања од рак на кожата секоја година до 2030 година.
Протоколот од Монтреал потпишан во 1987 година овозможи прогресивна забрана на фреонот, гас кој го слабее озонскиот слој сместен на висина од 20 до 50 км и ја штити Земјата од ултравиолетовото зрачење. “Меѓународната акција во корист на озонската обвивка претставува голем напредок”, задоволно истакнал Michael Jarraud, генерален секретар на Светската метеоролошка организација, кој тие резултати ги смета како поттик за еднаква грижа за да се усмерат на уште поголем предизвик а тоа се климатските промени.
Во Њујорк на 23 септември под покровителство на ОН ќе се одржи состанок на шефовите на држави на кој се очекува покренување на акција во полза на климата.
{loadposition content9}