Турскиот канал Румели ќе пишува за Охрид
Експедиција по Балканот, со цел прикажување на документарни емисии во кој ќе може турскиот народ да види каде некогаш живееле нивните предци. Неколку места од нашата земја меѓу кои и Охрид, ги воодушеви луѓето кои работат во еден од најпознатите турски медиуми Румели, а тие деновиве се во Охрид и прибираат материјали кој ќе се прикажува на 13 турски канали.
Tурски новинари од познатиот медиум Румели се во посета во Охрид. Тие подготвуваат материјал за документарна емисија со која сакаат да воспостават Мостови на пријателство помеѓу двете земји. Целта е луѓето кои некогаш се отселиле од Македонија во Турција да погледнат колку напреднале местата во кои некогаш живееле нивните предци вели директорот на Кушукавак, Рифат Јакупоглу. Тој веќе 28 години е иселен од Бугарија во Турција и вели дека неговото срце е во Балканските земји.
„Има многу луѓе кој што се иселени од овој простор во Турција и затоа што нивните внуците кои што се иселени пред многу години од Балканскиот простор пред 50 – 60 години и пред повеќе во нивните фамилии се зборувало и се кажувало како било во селата и градовите каде што живееле, да дојдат и да ги видат градовите во кој што живееле нивните предци“ – вели Јакупоглу.
Исмаил Караман е човекот кој работи како новинар во Румели и досега има снимено 125 документарни филмови од 90 земји. И не случајно го довеле во Македонија со цел да ги сними убавините на земјава и да ги прикаже на турската публика. Тој посебно е воодушевен од нашиот град и ги покани сите луѓе од целиот свет да дојдат и да го видат Охрид.
„Да ви кажам дека секаде гледам некаков продолжеток на македонската култура на сите земји, ако некој не ја познава историјата на Македонија не ја познава историјата на светот. Ние за 22 години прошетавме 90 земји, Александар Македонски за 7 години отишол до Индија. Со нашиот пријател Владо бевеме на изворите на Охридското Езеро и на реката Црн Дрим, само една прошетка низ изворите во Св Наум доаѓањето во Охрид вреди. Ова на нашите гледачи ќе им го презентираме претставиме“. Доаѓањето на 25 000 гости од Турција е мала бројка треба да дојдат многу повече туристи да ги видат овие убавини“ – нагласи Караман.
Мехмет Туркер и после неговото пензионирање не престанува со неговата творечка дејност. Целиот негов работен стаж го посветил на новинарството, напишал и објавил 9 книги и вели дека цел живот е школа.
„Ќе даде господ од ова патување во списанието ќе пишуваме за Балканот посебно за Македонија Охрид, Скопје и имаме намера еден широк простор да му дадеме како што пред малку мојот колега зборуваше за учењето нема години, и овој пат кога дојдов во Охрид кога ги видов изворите во Св Наум бев маѓепсан, верувајте дека се ова што го видовме ќе го претсатавиме на нашите читатели, во однос на туризмот можам да кажам дека од османлискиот период има огромен број на споменицкои се убаво зачувани“- вели Туркер.
Новинарите од Румели во 7 дневната експедиција, со сите собрани материјали од посетата на неколкуте места од Балканот меѓу кои и Охрид, за 20 дена ќе ги подготват и ќе ги презентираат на познатите турски канали и списанија. Веруваат дека со тоа до година ќе придонесат двојно повеќе гости од Турција да го посетат Охрид.
{loadposition content9}