Авион на Malaysia Airlines, компанија која во последните месеци тешко ја погодија две катастрофални несреќи, морал по полетувањето да се врати на аердромот поради дефект на системот за автоматско управување.
Авионот на летот MH198 за Хидербад (Индија) се вратил и без проблеми слетал во Куала Лупмур, четири часа по полетувањето од малезиската престолнина, соопштила авионската компанија.
“Дефектот е утврден на Boeing 737-800 и не е загрозена безбедноста на авионот и патниците. Сепак, пилотот одлучил од превентивни причини да се врати назад”, истакнале од Malaysia Airlines во соопштението. Летот бил одложен за утредента.
Malaysia Airlines во последните месеци имаше две несреќи. Авионот на летот MH370 исчезна на 8 март, не долго, по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг со 239 патници и членови на екипажот. Другиот Boeing на таа компанија на летот од Амстердам за Куала Лумпур се распадна во лет на 17 јули, погоден од ракетите над подрачјето каде војуваат украинската војска и руските сепаратисти и кои меѓусебно се обвинуваат за рушењето на авионот во кој беа 298 луѓе, од кои 193 холандски државјани.
{loadposition content9}