Skip to main content

На брегот на Глобочичкото езеро осветена црквата Св Илија

 На брегот на Глобочичкото езеро осветена црквата Св Илија.

 |  Валентина Неловска  | 
глобочица
глобочица

На брегот од Глобочичкото Езеро е осветена црквата Св. Илија која започна да се гради пред три години. Жителите ја изградија веднаш до местото каде што некогаш постоела истоимената црква,  а била потопена пред 5 децении заедно со селото,  во 1964 година, при  изградбата на хидроцентралата  Глобочица. Во нејзината изградба учествувале сите жители, кој како бил во можност, со пари или работна рака. Каменот, песокот, цементот и останатиот градежен материјал го носеле на раце, а го превезувале до брегот со помош на сплав. Вредните глобочичани копнееле по денот кога ќе ја извадат црквата над вода иако таа се разликува од  поранешната, вели Сандре Попоски претседатeлот на  УЗ Глобочица.
глобочица
„ Црквата не иста. Таа што е потоната датираше од 15 век. На три  наврати беше доградувана, на помошните простории о цркавта, камабанаријата и придружните објекти околу неа. Успеавме со помош на нуркачите да извадиме  дел од старата црква и да го вградиме во сводот на новата. Денес свети посилно и ја зголемува јачината на оваа црква“.  

Зоран Попоски од Глобочица е припадник на генерацијата која  ги памети моментите пред иселувањето, за време на иселувањето и по иселувањето. Во сеќавањaта на генерацијата деца кои пред 50 години биле на возраст од 7 до 15 години  како на филмска лента се зачувани спомените и глетката како исчезнувало Глобочица.
И денес, по пет децении, силни емоции навираат во неговите сеќавања за потопувањето на селото, нивните домови, црквата, гробиштата, училиштето.  

„Оваа генерација памети како ги рушевме домовите за да спасиме што може да се спаси. Оваа генерација памети како ги прекопувавме мртвите од гробовите. Како почна да се оформува Глобочичко Езеро, како ни го земаше и поплавуваше она што ни беше драго и  мило за повеќе никогаш да не се врати“.
глобочица
Во тоа време децата меѓусебе тажно си шепотеле, нашето село повеќе не постои и нашето детство втона во ова езеро, раскажува Попоски. Но, истата таа генерација со огромна љубов која ја носеле во себе за Глобочица, заедно со татковците и помладата генерација, не дозволиле селото да се збрише  од географската карта, раскажува Крсте Илоски, член на иницијативниот одбор за изградба на Св. Илија.

„ Носталгијата кај народот во 1976 година, по само 10 години од иселувањето ги наведе да се вратат на корените назад и населбата започна да се обновува над езерото. Се изгради водовод, спомен чешма во спомен на Илинденците и борците од Ноб. До 1993 година се направија многу куќи, а се изгради и  манастриот Св. Антониј на 3 км од овде.“

Во моментов во Глобочица се изградени  45 куќи, коинциденција или не исто толку колку и потопените објекти пред 5 децении. Жителите имаат амбициозни планови за развој на населбата. Имаат во план  обновената населба  да ја стават на туристичката  мапа како атрактивна  дестинација  за лов и риболов.

{loadposition content9}