Apple денес ги објави службените податоци за нарачките за новите модели на iPhone кои покажуваат дека побарувачката е огромна. Во првите 24 часа Apple примил 4 милиони нарачки за iPhone 6 и iPhone 6 plus, што значи дека побарувачката ја надминала момнталната залиха.
Од Apple велат дека значајна количина на уреди ќе биде доставена до нарачителите во текот на септември, почнувајќи од петок, но поради големата побарувачка некои испораки ќе мораат да се направат во октомври. Шефот на Apple, Tim Cook, во соопштението навел дека нарачките за iPhone 6 и iPhone 6 plus поставиле рекорд на компанијата.
Уредите од петок ќе почнат да се продаваат во САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Хонг Конг, Порторико, Сингапур и Велика Британија, а од 26 септември, а некаде и во текот на октомври, почнува продажбата во сите други земји.
Да се потсетиме, Apple на 9 септември ги претстави своите нови производи а освен новите модели iPhone 6 и iPhone 6 plus, компанијата го откри и својот сосем нов производ Apple Watch. Сосем очекувано, презентацијата на Apple привлече огромно внимание на медиумите, технолошката јавност и на љубителите на гаџети.
{loadposition content9}