Медиумската заедница во чест на своите колеги
Споменот на своите колеги не дозволуваат да избледи од охридската медиумска заедница.
Споменот на своите колеги не дозволуваат да избледи од охридската медиумска заедница. Така во спомен на колегите Петар Алексоски од ТвМ, Влатко Пантовски и Наумче Аврамовски, но и на Јован Слатинец – Дџ Мравка, чии животи исто така завршија прерано, охридските новинари и вработените во локалните Тв и Радио куќи, и интернет портали ќе играат ревијален – медиумски фудбалски натпревар.
Двете екипи кои ќе играат фудбал ќе бидат составени од новинари и вработени во редакциите на охридските медиуми. Целта на истиот е преку спорт и дружење да се потсетат на колегите и да се подзаборави на некои пресилни зборови или постапки.
Овој меморијален турнир, кој организаторите сакаат да прерасне во традиционален ќе се одржи на 28-ми септември во спортската сала „Климент Колески” во Охрид.
Моторџиите пак од мото клубот „Мото Охрид” од Охрид и оваа година ќе возат почесен круг во чест на Дџ Пантер и Дџ Бруце, кои ги загубија живототите во тешката сообраќајната несреќа, што се случи на 24-ти септември 2008. година, околу 21:00 часот на магистралниот пат Охрид-Битола, во близина на планинскиот превој Буково.
Со тоа охридските моторџии во недела на 21-ви септември ќе ја продолжат традицијата и ќе го зачуваат споменот на двајцата свои сограѓани, кои трагично ги загубија животите во незгодата. Ќе возат од Охрид, преку Струга, Дебар, манастирот Бигорски, преку Маврово и Кичево, повторно до Охрид.
{loadposition content9}