Skip to main content

Малото пристаниште наспроти Палас продолжува да пропаѓа

 

Mалото пристаниште наспроти Палас продолжува да пропаѓа.

 |  Валентина Неловска  | 
sirena
sirena

Локалната самоуправа не најде решение за малото пристаниште пред хотел Палас. Иако пред една година од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа имаше најава дека ќе го средуваат потегот на овај дел од крајбрежјето,  тоа не се реализира. ТВМ оваа тема ја  отвори на 7 јуни 2013 година и посочи на фактот дека пристаништето се распаѓа од ден на  ден пред очите на надлежните, а за тоа никој не реагира.
Од локалната кажаа  дека за крајбрежјето е валиден  деталниот урбанистички план  донесен на 22 мај 2001 год.
sirena
Според планот на тој простор стои истата маркица – пристаниште.  Тоа не значи дека локалната самоуправа не размислува да го промени тој простор, рекоа тогаш од Локалната самоуправа. Ветуваа дека за потребите на граѓаните за безбедно да го користат мостот на тој простор ќе има некакво решение или поставување на  препреки за да не дојде до несакани повреди.  

 

plaza

По една година пристаништето на кое некогаш се наоѓаше плажата Сирена и понатака од ден на ден пропаѓа и станува опасност за минувачите и капачите. Не се постави нити една табла како предупредување  дека таа може да претставува опасност за посетителите.

Плажата,  според податоците од историскиот архив, била изградена за потребите на хотелот Палас во 1958/ 59 година според план од Градскиот народен одбор. Била наречена „Сирена“. Повозрасните охриѓани со носталгија се сеќаваат на ова некогаш прекрасно место кое сега е претворено во руина. Од Охридската Капетанија се оградуваат од надлежности за ова пристаниште.

{loadposition content9}