Apple го издаде iOS 8, новата верзија на оперативниот систем за iPhone, iPad и iPod touch, пишува The Verge.
Ажурирањето се спроведува по пат на избирање во уредот и тоа со овој редослед: “Setting>General>Software Update”. Новиот софтвер може да се инсталира и преку компјутер, со помош на новата верзија на iTunes.
The Verge напоменува дека iOS 8 е со големина од 1,4 GB и бара 5,7 GB слободен простор на iPhone, односно 6,9 GB на iPad.
{loadposition content9}