Skip to main content

Со мировен марш ќе се одбележи Меѓународниот ден на мирот

На ден 19.09.2014(петок) Локалната самоуправа и Општинската организација  на сојзуот на борци  ќе го  одбележат  21-ви Септември  “Меѓународниот ден на мирот”.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

На ден 19.09.2014(петок) Локалната самоуправа и Општинската организација  на сојзуот на борци  ќе го  одбележат  21-ви Септември  “Меѓународниот ден на мирот”.

борциУчесниците во Мировниот марш во 11 часот ќе тргнат од пред старата дирекција на “Гранит” , а централно место на прославата ќе биде на плоштадот „ Св.Климент Охридски“ каде ќе се положи свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, ќе се прочита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун, а ќе се обратат заменик градоначалникот Анѓел Јанев и  потпретседателот на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца, Никола Стефаноски.

Во активностите за одбележување на денот на мирот учество зедоа основните училишта во Охрид ,aктерите од Народниот Театар и детскиот Фестивал  “Распеано рибарче”.

Во 2001 година Генералното собрание на Обединетите нации донесе Резолуција со која се покануваат сите држави членки на Обединетите нации, регионални и невладини организации и индивидуи да го одбележат на соодветен начин Меѓународниот Ден на мирот, вклучувајќи ја тука воспитната и јавната свест, во иднина да се прославува 21 септември како Светски Ден на мирот и глобален прекин на огнот и насилството и истиот да претставува покана до сите нации и луѓе да го одбележат и да прекинат со насилствата за време на траењето на тој ден.

borciЦентралниот настан ќе се одржи во Штабот на ООН во Њујорк. На церемонијален начин со звоно генералниот секретар на ОН, Бан ки Мун ќе даде знак за едноминутно молчење точно во 12 часот, во присуство на достоинственици од целиот свет кога ќе ги потсетат членките на ООН и меѓународната заедница за важноста на настанот и потребата да се одбележи овој ден на соодветен начин.

Светската федерација на ветераните овој ден го промовира во светски Марш што се одржува насекаде во светот под мотото „ Ветераните чекорат за мир”. СБМ како членка на светската федерација на ветераните 6-та година е носител и организатор на овој Марш на мирот во нашата земја. Овој проект е поддржан од Владата на Република Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

{loadposition content9}