Skip to main content

Започнаа подготовките за проширување на НУ библиотека „Григор Прличев“

НУ библиотека „Григор Прличев“ се проширува. Започнаа подготовките за уредување на просторот каде сега се наоѓа НУ фестивалот „Охридско лето“, а каде треба да биде сместено детското одделение со читалната за деца. И од Охридско лето се подготвени за селидба. Веќе се работи на уредување на просториите кај некогашен „Путник“ .

 |  Јаковлева Лионела  | 
bniblioteka
библиотека

Започнаа подготовките за проширување на НУ библиотека „Григор Прличев“. Со тоа се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште пред една година, а со која просториите каде моментално функционира НУ фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест.

Ние изминатиов период распишавме јавен оглас за спроведување тендерскам постапка на која беше избран економски оператор односно фирма која даде најповолни услови и која од комисијата за јавни набавки во библиотеката беше избрана како најдобар понудувач. Фирмата во наредниов период ќе ги отпочне градежните работи и верувам дека до крајов на годинава она што беше планирано ќе биде реализирано, вели Александра Белеска-директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“.библиотека

Директорката објаснува дека во првата фаза ќе бидат направени погрубите градежни работи како малтерај, поставување изолација, менување на подот, а во втората фаза ќе се уредува внатрешниот дел. Во просторот каде сега се наоѓа „Охридско лето“oh leto ќе биде сместено детското одделение со читална за деца, а еден мал простор ќе биде прилагоден како игротека за деца. Во делот пак каде и сега се наоѓа библиотеката ќе биде сместено одделението за возрасни читатели и администрацијата. Библиотеката ќе е од отворен тип па читателите ќе можат  да ги разгледуваат книгите и самите да си одберат што ќе читаат. Белеска вели дека со тоа Охрид конечно ќе добие една современа библиотеката како што му доликува.

За преселба се подготвуваат и од НУ фестивал „Охридско лето“. Тие ќе бидат сместени во некогашните простории на агенцијата „Путник“.

Подготовките се кон крајот. Ние полека почнуваме да ги складираме архивските работи и целиот канцелариски материјал. Деновиве ќе започнат и внатрешните подготовки за обезбедување услови за работа. Во новите простории ќе имаме подобри услови особено во информатичкиот дел и мрежното поврзување, а со тоа многу подобро и полесно ќе можеме да се подготвиме за наредното издание на фестивалот, рече Елизабета Јанкуловска-директор на НУ „Охридско лето“.

Јанкуловска објаснува дека во долниот дел на новите простории ќе биде сместен прес центарот и салата за прес конференции и јавни настапи, а во горниот дел ќе биде администрацијата. За две недели тие целосно ќе ги испразнат просториите каде сега се наоѓаат, а за два месеци треба да се преселат во новите простории, додаде директорката.

{loadposition content9}