Алонсо тренираше со Састре
Шоферот на Рено и двократниот Ф1 шампион Фернандо Алонсо мина еден ден тренирајќи со освојувачот на минатогодишниот „Тур Де франс“ Карлос Састре.
Големиот фан на велосипедизмот возеше со Састре и целата екипа на Сарвело за време на тренингот на југот на Португалија, во близина на патеката Алгарве кае неколку тимови на најбрзиот циркус на светот, ги тестира болидите за новата сезона.
„Тоа беше средба за изведување. Оголемиот дел од времето го минавме во запознавање и минавме четири часа заедно. Моите тимски другари беа среќни што имаа можност да го запознаат Фернандо, а нему му беше мило што тренира со нас.“ изјави Састре.
Алонсо го повика својот сонародник и цел Сервело тим да присуствуваат на тестирањето на новата патека во Портимао, што тие прифатија, но утринските тестирања не беа одржани.
{loadposition content9}