„Две солзи“ спогодбено иселено од Градските гробишта
Приватното погребно претпријатие „Две солзи’’кое до денес користеше простории во објектите на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“, претпладнево се исели од просториите.
Приватното погребно претпријатие „Две солзи’’кое до денес користеше простории во објектите на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“, претпладнево се исели од просториите.
Претходно ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ и „Две солзи’’ потпишаа меѓусебна Судска спогодба со која прекина судскиот спор кој ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ го покрена против ова претпријатие , и истото се исели од просториите, извршено е примопредавање на просториите , потпишан е адекватен записник променети се бравите на просториите.
Согласно спогодбата приватното погребно претпријатие на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ ќе мора да му ја измири наемнината и за деветти месец, заедно со сите режиски трошоци за струја и комуналии.
Претпријатието се исели 10 дена пред предвидениот рок.
ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ претходно покрена судска постапка за раскинување на договорот кој претходното раководство го склучило со ова јавно претпријатие , а кој бил оценет како штетен за јавното претпријатие.
{loadposition content9}