Излегувањето на американската берза на кинеската компанија Alibaba ќе биде една од најголемите иницијални понуди во американската историја, со почетна цена од 68 долари по акција и оваа компанија планира да собере дури 21,8 милијарди долари со овој потез.
Благодарение на излегувањето на берза на Alibaba, големи пари очекуваат во Yahoo кој поседува дури 22,6% на акции од оваа компанија, а по продажбата се очекува дека ќе задржат 16% од уделот во оваа компанија, а би требало да заработат 8,27 милијарди долари пред оданочувањето.
Yahoo добар дел од тие пари ќе врати на своите инвеститори, додека останатите милијарди се очекува да ги вложи во превземање на други компании, нови вработувања и развој на нови производи. Многу аналитичари се сложуваат дека ова ќе биде клучен период за шефицата на Yahoo, Marissa Mayer, која во моментов ќе биде среќна, но притисокот ќе биде многу поголем, коментирал за Cnet аналитичарот Sameet Sinha.
Од моментот кога го превзеде водењето на Yahoo, Mayer внела бројни промени во компанијата –превзела бројни компании (често поради талентирани вработени), додека за Tumblr дала повеќе од милијарда долари и се смета за нејзин најголем успех што Yahoo повторно стана една од пожелните компании за најдобрите инженери.
Но, и покрај сите позитивни работи која ги донесла во Yahoo, таа не влијаела на она што е најважно за инвеститорите – зголемување на приходите, додека заработката од огласување е намалена. За време на неодамнешната прес конференција рекла дека менаџментот на компанијата е незадоволен со ситуацијата и признала дека на Yahoo му треба повеќе време, од она што го планирала, за опоравување на пазарот за огласување.
Иако цената на акцијата на Yahoo цело време е во нагорна линија, некои аналитичари тоа го нарекле Alibaba ефект, бидејќи акцијата на Yahoo на многумина им била интересна поради уделот кој го има во Alibaba, на која се очекува да заработат многу. Marissa така ќе добие свеж капитал кој сите очекуваат таа мудро да го вложи, но ќе го изгуби штитот од Alibaba кој досега влијаеше за растот на акцијата на Yahoo.
{loadposition content9}