Skip to main content

Фонтаната во охридската чаршија полна е со алги и смет

Фонтаната во охридската чаршија повторно осамна  со алги и смет. До пред почетокот на сезоната не беше познато кој е надлежен за нејзиното одржување, па ја чистеа од ресторанот кој е во непосредна близина. Денес Елена Скрческа директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, обелодени дека за одржувањето на фонтаната треба да се грижат од „Охридски Комуналец“ и од МЈП „Проаква“.

 |  Николоска Биљана  | 
fontana
фонтана

fontanaФонтаната на градскиот плоштад „Крушевска Република“, се претвора во жабурник и место каде несовесните граѓани го одлагаат сметот. Покрај оваа фонтана секојдневно шетаат охриѓани, бројните туристи и екскурзијанти.  Скоро и да нема организирана група на туристи која во својата агенда за разглед на градот го нема овој плоштад и чинарот. За жал многу често тука ги пречекува и една неприајтна гледка на неисчистената фонтана.

„Фонтаната не се одржува на потребното ниво, ужасно е нечисто, не се одржува хигиена, инаку фонтаната прекрасна е за плоштадот но не е одржана и треба да се чисти инаку градот е прекрасен чисто насекаде и многу ни се допаѓа.

Многу лошо јас сум од Бугарија многу лошо не е добро валкано е и вчера го видов треба да се чисти градот е чист убав е но специјално фонтаната е многу убаво место и треба да се средат нештата.

fontanaСе фрлаат пластични флаши јас мислам дека чистотата не е оптимална“ – велат граѓаните.

Пред почетокот на летната сезона некаде во мај месец откако граѓаните преку социјалните мрежи го посочија проблемот со нечистата вода во фонтаната, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа прати екипи и доброволно ја исчистија фонтаната во име на имиџот на градот пред престојната туристичка сезона.

Во тоа време Скрческа изјави дека не било прецизирано кој треба да ја одржува фонтаната, но појасна дека како ЈП ќе побараат од општина тоа да биде дефинирано.

fontanaДенес кога повторно граѓаните ја посочија грдата слика за фонтаната кај чинарот, директорката Скрческа ни кажа дека работите веќе биле дефинирани а одговорноста околу нејзиното одржување била поделена на ЈП „Охридски Комуналец“ и МЈП „Проаква“.

Комуналното претпријатие требало да се грижи за чистење на отпадоците кои несовесно граѓани ги фрлаат во фонтаната, додека пак хемиските средства, алгите и се останато да ги чисти екипа на Проаква. Инаку пред да ја преземат одговорноста за чистење Јавните претпријатија, за одржување на хигиената во фонтаната се грижеле од ресторанот кој е во непосредна близина.

Денеска веднаш после нашето интересирање кој е надлежен околу одржувањето на фонтанта екипи на охридски комуналец излегоа на терен и го подигнаа само цврстиот отпад. Дали и кога од Проаква ќе си го завршат својот дел од работата останува да видиме.

{loadposition content9}