Во фокусот на РК „Охрид 2013“, младинскиот погон
РК „Охрид 2013“, напорно работи за ангажман на младите деца во младинската школа која што постои од минатата година . „Ќе успееме да им ги одгатнеме ракометните тајни на сите млади деца кои имаат амбиции да бидат дел од успешниот ракометен клуб“, вели претседателот на УО на Ракометниот клуб, Димитар Спасески.
Во фокусот на РК „Охрид 2013“, младинскиот погон. Овој клуб ги отвара вратите за сите млади деца кои сакаат да бидат дел од успешниот ракометен тим од Охрид. Претседателот на Управниот одбор на клубот Димитар Спасески вели дека младинската школа отпочна со работа уште минатата година и отогаш активно работат со младите со цел да произлезат повеќе играчи кои ќе ги бранат боите на РК од Охрид.
„Втор сегмент на кој што особено сме фокусирани во рамки на Ракометниот клуб е развојот на младинската школа. Апсолутно сме задоволни од функционирањето на младинските категории подмладокот е основа на секој клуб и од минатата година почнавме да ги поставуваме темелите на постоењето на младинскта школа онака како што треба“ – вели претседателот на Управниот Одбор.
Спасески информира дека на спортски план, дополнително стартуваат со проект кој ќе реализира во соработка со професорите по физичко образование во училиштата.
„Сите оние дечиња кои што веќе пројавуваат афинитет и кон ракометот да им овозможиме да бидат вклучени во рамки на тренажниот процес како би овозможиле подмладокот на РК да се издигне на едно повисоко ниво“ – рече Спасески.
Претседателот остави отворена покана до сите мали дечиња кои што се заинтересирани за ракометот, да се приклучат во ракометната школа каде покрај што се учат и усовршуваат на техниките на ракометот, има простор и за забава и дружба.
{loadposition content9}