Разговорот помеѓу двајца елитни војници открива, иако Путин цело време негира, дека сепак руски војници биле ангажирани во Украина.
Руски опозиционен политичар и сопственик на весник, Лав Шлосберг, на медиумите им доставил транскрипти од разговор на припадници на руски паравоени единици, со што паѓа во вода целата приказна на Путин и немешањето на Русија во украинската криза.
Конкретно се работи за разговор на војници за време на бруталниот напад на Луганск, пишува NYPost. “Е*** одиме и ги бараме оние е*** Украинци. Штом се појавиме на отворено ќе не видат и пукаат. Истрчавме на патот, таму е полето, сончогледи и контролна точка. Почнаа да фрлаат бомби и ја уништија. Осумдесет момци се убиени. Ми беше кажано дека само десетмина се извлекоа”, рекол војникот кој и сам бил ранет во нападот.
Оваа сторија ја раскажал на телефон на друг војник додека се наоѓал на лекување во болница. Другиот војник го прашал дали им кажуваат каде ги носат – “Ништо не ни кажуваат. Велат дека одиме на вежба”.
Наводно се работи за разговор на припадници на 76 дивизија на руската војска стационирана во градот Псков.
Двајцата војници уште разговарале и за својот соборец Леонид Кичаткин чија смрт минатиот месец била предмет на контроверзи. Весникот на Шлосберг тогаш објавил вест за смртта на Кичаткин на украинското боиште. Неговата вдовица на својот профил на Facebook објавила информација за неговиот погреб, а подоцна таа објава е заменета со нова на која пишувало дека Кичаткин е жив и здрав.
Војниците во телефонскиот разговор разговарале и за тоа дека телефонски ја повикале вдовицата на Кичаткин а им се јавил некој кој глумел дека е нејзиниот сопруг. “Да знам кој кренал слушалка кај неговата жена, би му ја скршил главата”, рекол еден од војниците.
{loadposition content9}