Индиските бизниси преку Македонија до европскиот пазар
Индиските бизнисмени се заинтересирани за Македонија како врата кон европскиот пазар, но им требаат дополнителни информации за можностите за инвестирање.
Антонио Милошоски
Индиските бизнисмени се заинтересирани за Македонија како врата кон европскиот пазар, но им требаат дополнителни информации за можностите за инвестирање.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на синоќешната средба во Њу Делхи со претставници на индиски инвестициски фондови и на компании од автомобилскиот сектор, телекомуникациите, трговијата, туризмот и хотелиерството, ги презентира македонските бизнис потенцијали и стратешките приоритети.
Милошски ги информира дека во Македонија има стабилна политичка и добра бизнис клима. Укажа на воведениот рамен данок од 10 отсто, укинотото оданочување на реинвестираната добивка и на поволностите што ги нуди слободната економска зона во Бунарџик каде што веќе се присутни светски гиганти.
Македонија на странските инвеститори им нуди и образован и технички едуциран кадар, поевтина работна сила од земјите во нејзиното опкружување и Европа.
Според идниските бизнисмени, предностите што ги има Македонија се брзата процедура за почнување бизнис, ниските трошоци на производство, релативно добрата инфраструктура и географската позиција како можна логистика за ширење на бизнисите кон Европа. Тоа што го бараат се способни работници кои ќе знаат странски јазик и да работат со компјутери и други нови технологии.
Економската соработка меѓу Македонија и Индија иако во последните години бележи одреден напредок и натаму е на многу ниско ниво. Трговската размена од само 7 милиони долари во 2005 година, во 2006 се зголемила на 14,5 милиони, во 2007 на 23,5, за во првите десет месеци од минатата година да достигне 36,3 милиони долари, но со огромен дефицит на македонска страна. Македонија извезла во Индија производи вредни само околу 800 илјади долари, а увезла стока за 35,5 милиони долари. Од скромниот македонски извоз најголем дел отпаѓа на мермер, травертин и валјаци од метал. Македонија од Индија најмногу увезувала кафе, сусам и текстилни производи.

{loadposition content9}